Промените во Македонија се неопходни. Со оваа власт на ДУИ и СДС, Македонија тоне во сиромаштија, криминал, корупција и безнадежност. Апатијата и поразите мора да бидат заменети со напредок и успеси. Тоа е можно со Платформата 1198 која нуди реални и остварливи проекти и мерки кои ќе донесат систематска промена и напредок на земјата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на претстојните избори го нуди концептот „Македонија повторно твоја“, концепт кој се базира на реформи, проекти и многу работа, концепт кој ќе донесе правда, ред и функционалност на системот. Секој од граѓаните може и мора да биде дел од промените кои насушно се потребни на Македонија. Промените се во рацете на секој поединец. Тој може да одлучи во каква Македонија сака да живее и каква иднина сака за себе и за своите поколенија. Сега е последниот час кога секој човек треба да одбере дали ќе дозволи Македонија да пропаѓа во бездната со ДУИ и СДС, или ќе почнат силни и просперитетни промени и реформи на чело со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. Изборот е јасен, исто како што е јасна и разликата на понудите, истакнуваат од партијата.
„Почитуван граѓанин, да ја направиме Македонија повторно твоја. Време е за промени. Промените зависат од секој од вас. Промените се во твои раце. Да ја вратиме Македонија на народот“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.