Новоназначената економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки врботени во оваа клиника, дознава МКД.мк од извори во клиниката. Дополнително, велат тие, таа не ретко на работа доаѓа со својот татко кој постојано е со неа како да е нејзино обезбедување.
Ја видовме само еднаш кога дојде да се претстави. Тоа што го кажуваше го читаше од ливче на исклучително лош македонски јазик. Неколку пати ја видовме како низ ходниците оди со татко ѝ кој личи како да е нејзино обезбедување, велат извори за порталот.
Од Министерството за здравство за МКД.мк велат дека Иљази е назначена за директорка на Клиниката за токсикологија на 14 -ти февруари годинава.
Бесија Иљази е назначена за организациски директор на Клиниката за токсикологија на 14 февруари оваа година, секоја универзитетска клиника според законот за здравствена заштита треба да има по двајца директори, еден медицински и еден организациски директор. Таа има завршено економски факултет, со претходно работно искуство во струката, пишува во одговорот од Минстерството за здравство.
Оттаму не одговорија на прашањата дали до Министерството за здравство стигнале поплаки за нејзината работа и од која работна позиција Иљази доаѓа како економски директор на Клиниката за токсикологија.
Целата сторија на МКД.мк
Comments are closed for this post.