Белата куќа ја смени заменичката-советник на американскиот претседател Доналд Трамп за национална безбедност, Мира Рикардел, по интервенција на првата дама, Меланија Трамп.
Рикардел ќе продолжи да го поддржува претседателот и во моментот кога ќе ја напушти Белата куќа и ќе прејде на нова улога во администрацијата – изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.
Првата дама на САД, Меланија Трамп побара блиската соработничка на Џон Болтон, да биде сменета бидејќи „повеќе не заслужува да работи во Белата куќа“.
Американски медиуми објавија дека наводно спорот со Рикардел, која е со хрватско потекло, се случил поради распоредот на седење во авионот при патувањето на Меланија Трамп во Африка во октомври, како и барањето за користење средства на Советот за национална безбедност.
Опкружувањето на Меланија Трамп наводно се сомнева дека Рикардел била изворот на „негативните приказни“ за првата дама и нејзините соработници.
Comments are closed for this post.