Српскиот претседател Александар Вучиќ  се сретна со претставници на американско-еврејскиот комитет за јавни односи (AIPAC) и од нив доби подарок со кој се пофали на својот Инстаграм профил.

 

„Прекрасен подарок од моите американски гости #AIPAC потпишан од Лери Бирд, легендата на Бостон, САД и светската кошарка. Штом ќе завршам факултет за кошаркарски тренер, ова ќе биде една од топките што ќе им ги дадам на децата. дека ќе тренирам, всушност, да се обидам да ги научам нешто, дури и од моите лоши искуства“, напиша претседателот Вучиќ на Инстаграм.