Војската на САД ќе купи 225 авиони ловци „Ф-35“ од фирмата „Локид Мартин“, со вкупна цена од 22,7 милијарди долари, соопшти американското Министерство за одбрана.
Од планираната нарачка, 105 се борбени авиони наменети за американската војска – 64 авиони од типот „Ф-35А“ за воздухопловните сили, а 26 авиони од типот „Ф-35Б“ и 16 од типот „Ф-35Ц“ за морнарицата.
Американското Министерство за одбрана сооопшти дека преостанатите 89 авиони се наменети за независни купувачи надвор од надлежностите на Министерството, додека 60 се за странски војски.
„Локид Мартин“, компанијата која е голем снабдувач на Пентагон, ќе добие аванс од шест милијарди долари, а рокот за испорака е март 2023 година.
Comments are closed for this post.