ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори се очекува да освои од од 51 до 54 пратеници а СДСМ од од 26 до 29 пратеници, брифираа денеска од опозициската партија. Оттаму уверуваат дека имаат стабилно водство пред СДСМ од речиси два спрема еден и оти се направени истражувања ако владејачката партија оди оделено и во коалиција со ДУИ.
Па така, анкетата на ВМРО-ДПМНЕ спроведена од ИПСОС покажува дека ако СДСМ оди во предизборна коалиција со ДУИ може да очекуваат од 41 до 43 пратеници. Истражувањето е правено на можна излезност од 900.000 гласачи односно околу 49 посто.
Oчекувањата се дека на овие избори СДСМ ќе има историски најнизок резултат и деа тешко ќе надминат 150.000 гласови.
ВМРО-ДПМНЕ за потребите на изборите прават две анкети месечно, теренска и телефонска и резултатите го потврдуваат водството кое го има.
Кај партиите на Албанците, ДУИ може да очекува максимум 14 пратеници, албанската опозиција на Меџити, Касами и Гаши 10 или 11 пратеници.
Најслабо стои Алијанса која не се очекува да освои повеќе од три пратеници.
Што се однесува до останатите партии, Левица и партијата на Максим Димитриевски ЗНАМ може да очекуваат заедно 12 пратеници.Овие две партии нема да одат во коалиција туку мерени се колку ќе освојат вкупно мандати.
Во однос на претседателските избори ако СДСМ оди со Стево Пендаровски и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг разликата се очекува да биде околу 150.000 гласови во корист на опозицискиот кандидат а во вториот круг и повеќе, покажуваат истражувањата.
Comments are closed for this post.