Носителот на листата „Ние, гласот на народот“ Бранимир Несторовиќ се најде во центарот на вниманието по одличните резултати, а за време на пандемијата на коронавирус откри дека го излекувал и Новак Ѓоковиќ.
„Мој пациент на Универзитетската детска клиника во Тиршова во Белград беше Новак Ѓоковиќ. Тој тогаш имаше околу десет години. Дојдоа луѓе кои го гледаа како тренира и ми рекоа: „Има еден, невидено е талентиран, но има здравствени проблеми.“ Не можам многу да откријам од етички причини, но вистина е дека го лекував“, изјави Несторовиќ.
Comments are closed for this post.