Имаме ние политичари и сега кои под превезот и името на Европската Унија крадат и сме шампиони во криминал и корупција со нефункционални институции, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на МРТ 1.
„Јас не сум политички подлизурко од една страна, а од друга страна да се подлизнувам и да виткам кичма пред влијателни меѓународни дипломатски претставници, а од друга страна да крадам и да правам зло во сопствената држава во името на Европа. Еден висок македонски политичар спомена дека ВМРО-ДПМНЕ не ги слуша меѓународните претставници што зборуваат и дека ВМРО-ДПМНЕ тоа не го интересира, ВМРО-ДПМНЕ прави опструкција на уставните измени само за да спечали политички поени, не тоа е многу погрешно мислење. “, кажа Мицкоски.
Претседателот Мицкоски уште еднаш потенцираше дека има свои позиции и свои ставови и тие подготвен е да ги брани. Подготвен неговиот став да го брани врз основа на своите аргументи и своите позиции кои ги има.
Comments are closed for this post.