Љупчо Палевски Палчо, кој е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски може да биде држен во притвор во Турција максимално до една година, велат за „Телма“ адвокати од Турција кои се бават со оваа проблематика.
Турското министерството за правда пред два дена ги информирало македонските колеги дека стигнало барањето за негово екстрадиција. На Палевски, по неговото апсење во Баликесир, му беше одреден притвор од 40 дена. Барањето беше испратено по сите три возможни канали. До турското министерство за правда и за надворешни работи и преку Интерпол.
Адвокатката Бегум Гурел за телевизијата го опиша процесот. Следниот чекор кој треба да го преземе Министерството за правда е барањето за екстрадиција да го препрати до обвинителството, па до Судот за тешки кривични дела кој ќе изврши вреднување на делото.
Повеќе на „Телма“
Comments are closed for this post.