Поранешниот министер за здравство Венко Филипче е најсериозен кандидат за претседател на државата дознава „Пресинг ТВ од извори на партијата. Тој подолго време е повлечен во илегала и ретко се појавува во јавноста, но сега неговото име излегува како еден од кандидатите за шеф на државата.

Според нашите извори, двете најсилни кујни на „Бихаќка“ се на поранешниот претседател Зоран Заев и на Оливер Спасовски. Кујната на Спасовски лобира токму актуелниот министер за внатрешни работи да стане претседател на Македонија.

Последните случувања со убиството на Вања Ѓорчевска не одат во прилог на Спасовски бидејќи тој се посочува како главен виновник за пропустите во истрагата и добро ќе извага дали има шанси да победи во претседателката трка.

Сметките на Спасовски му ги нарушува и актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој час се кандидира, час не се кандидира за нов мандат. Сепак, не е исклучено и луѓето блиски до Спасовски на крајот да го поддржат Пендаровски за нов мандат.

 

Филипче главната поддршка ја има од т.н струмичко крило во СДСМ кое е сѐ уште многу влијатело во партијата.Предводник на ова крило е Заев, кој со Филипче се како петок и сабота и поранешниот лидер не сака да ја испушти можноста преку својот пријател да има свој човек и на чело на државата кој може многу да му биде од корист ако по промената на власта се води судски прогон против него.

Филипче најголемата поддршка кај граѓаните ја имаше за време на короната.Тогаш дури излегоа и стикери „Слушај го Венко“. Но,сега работите се поинакви и прашање дали тој може повторно  да ја има истата популарност за да биде најпрво кандидат, а потоа и претседател на државата.