Последната смртна казна во Црна Гора беше извршена пред 41 година, за убиство на четиригодишно девојче.
Злосторството што ја потресе цела Југославија се случи на 15 март 1977 година во тогашен Титоград (денешна Подгорица). Избувнал пожар во зграда, а кога пожарникарите пристигнале на местото на настанот затекнале страшна глетка.
Ова монструозно злосторство го извршил Драгиша Ристиќ, работник од Трговиште кај Књажевац. Го затекнале како спие, а трагите на облеката несомнено укажувале на делото што го направил, а и самиот го признал.
Го однел несреќното дете во подрумот на зградата, се обидел да ја силува, но детето се спротивставило и врескало, поради што го задавил, а потоа го запалил телото за да си ги покрие трагите.
Ристиќ бил застапуван од адвокатот Јанко Дучиќ од Белград, бидејќи никој од црногорските адвокати не прифати да го брани човекот кој толку злобно можеше да го одземе животот на невино дете, судот на 26 мај 1977 г. го осуду на смрт со стрелање, што беше извршено на 29 јануари 1981 година“.Казната ја одолговлекуваше три и пол години со разни правни лекови, но конечно беше спроведена.
Адвокатот Тома Фила во интервјуто за „Република“ се присети на овој случај кој го спореди со нашата Вања и со Тијана Јуриќ од Србија.Неговата мајка го молела да не го прифаќа овој случај и тој ја послушал.
Случајот беше во Црна Гора.Сторителот уби и силуваше дете од шест години.Откако ја убил ја полил со бензин и ја запалил.Тоа е последната смртна казна која е извршена во Црна Гора-изјави Фила за „Република“.
Comments are closed for this post.