Адвокатите не бранат злосторство туку човекот.Ниту еден човек не е толку црн да нема нешто бело.Оваа група ќе се брани дека не се виновни, вели адвокатот Тома Фила коментирајќи дали ќе се најде бранител за осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Тој во вториот дел од интервјуто за „Република говори дека пред многу години на наговор на неговата мајка одбил да биде бранител на убиец и силувач на дете.
Случајот беше во Црна Гора.Сторителот уби и силуваше дете од шест години.Откако ја убил ја полил со бензин и ја запалил.Тоа е последната смртна казна која е извршена во Црна Гора.
Фила вели дека се заколнал дека многу тајни , како што вели ќе ги однесе горе кај Господ и нема никогаш да проговори за нив.
За признавањето на МПЦ јас бев со дедо Стефан и со Патријархот Иринеј.Бев третиот човек во преговорите.Тоа што се преговораше ќе однесам во гроб.Затоа се заколнав.Исто и за Милошевиќ и Аркан.Имам многу сознанија но има професионална тајна помеѓу тој што го бранам и адвокатот.
Фила се кандидидираше и за градоначалник на Белград.
Ако победам или ако победи Шапиќ ќе се наследи истиот систем.Започнавме многу работи во Белград, некои се завршени, како Обиколница и Железничка станица а Автобуската треба да се заврши.Потребни се две-три години.Јас не знам дали ќе бидам жив но Шапиќ ќе ги заврши.Ако јас победам на изборите Шапиќ би бил со мене.Нема шанса двајцата да не го завршиме она што го почнавме
Comments are closed for this post.