Соработката во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) мора дополнително да се зајакне иако Русија постави огромни пречки на патот на работата на ОБСЕ во последните година и пол, порача германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во своето обраќање на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје.
Бербок, исто така, порача дека нема да ја дозволат играта на Русија да ги уништи организациите кои се потпираат на мирен соживот и соработка.
– Како ниедна друга организација, ОБСЕ се залага за безбедност на повеќе од 1,3 милијарди луѓе, што значи дека тие сакаат да живеат заедно во мир и безбедност и добар економски развој, нагласи Бербок.
Фактот дека Русија не успеа да го уништи ОБСЕ „е важен придонес за нашиот мировен поредок“, рече шефицата на германската дипломатија, нагласувајќи дека „овој поредок на мир мора да продолжи“.
Comments are closed for this post.