Во просториите на полициската станица во Котор, Црна Гора, на 30 јули 2020 година двајца полициски инспектори организирале сексуални оргии со две жени, а за жешката акција преку криптиран телефон се фалеле кај полицаецот Љуба Миловиќ, кој е обвинет дека е во врвот на Кавачкиот клан.
Црногорскиот портал „Борба“ дошол до фотографии кои се дел од досието кое Европол го доставило до надлежните органи за прислушуваните пораки.
Една од двете жени на фотографиите била замешана и во друга афера една година претходно кога осудениот Ѓ.П. кој ја издржува казната во Специјалната болница за психијатрија во Котор, објави фотографија на која е во болничка соба со едно голо и друго делумно голо женско лице, кое е облечено во униформа на здравствен работник.
Comments are closed for this post.