На една недела пред Самитот на ОБСЕ салата домаќин е подготвена. „Борис Трајковски“ се дотерува и шминка да ги пречека високите гости. Ставени се нови завеси, маси, столови, паравани..
Сето ова е убаво ако не се знае дека за ова се потрошени 1.8 милиони евра кои завршија кај фирмата „Еуровиа“. Оваа е фирма е позната како главен донатор на ДУИ. Се крена голема врева зошто е избрана токму оваа фирма и поважното дали разубувањето на салата чини толку многу пари.
За потребите на Самитот МНР склучи договор за изнајнување на возила со рент а кар агенцијата „АБЦ“ за дури 960.000 евра.
За самит кој ќе трае два дена МНР великодушно склучило договор за возила од речиси милион евра, иако реалните трошоци за најлуксузни автомобили не чинат повеќе од 200.000 евра.
Колку вкупно ќе ги чини Самитот на ОБСЕ македонските даночни обрзници допрва ќе се пресетува но сметката на крајот ќе излезе околу пет милиони евра.
Comments are closed for this post.