Чудна работа, секогаш кога рејтингот на Левица е во пад, како што е во моментов, на сите последни анкети, тогаш се договараат сценарија, заедно со ДУИ и СДС, меѓусебно да си помогнат, бидејќи тоа им одговара на сите страни- е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за вчерашните инциденти во Собранието

Зошто Левица, вака не направи, за други, далеку поважни теми, отколку измени, на деловник за работа на Собрание, кои се прават често во Собранието.Веројатно Апасиев, утре ќе скока и ќе прават сцени, за да бидат забележани, за политички поени, за тоа дека не им се допаѓала фарбата на собраниските зидови, додека молчеше за францускиот предлог и за случајот онкологија во собранието.

Хистеријата што ја демонстрираат, укажува на тоа колку нестабилни се овие личности и колку се ризични, штетни и непредвидливи сами за себе и за државата.

Среќа што државата нема нуклеарно оружје, не се сомневаме дека Апасиев би го употребил, онака лефтерно и истовремено афектно, насочувајќи го врз Собранието, кај што сам се наоѓа, чисто да ни покаже, колку тој знае да е опасен, ако во бифето му дадат горко наместо благо кафе.

 

Власта и Левица, веќе подолг период, се во коалиција, во Советот на Град Скопје, каде заедно ги гласаат сите желби на Данела Арсовска, па очигледно оваа соработка, се пренесе и во Собранието.

Толку е привидно ова сценарио на власта и Левица, што ни Мисовски, ни Талат Џафери, не го повикаа собраниското обезбедување, кога 10 мин некој го крши Собранието.

Граѓаните не сакаат да гледаат вакви комични сценарија, туку сакаат да видат мерки, со кои ќе им се крене животниот стандард, а на тоа ќе работи ВМРО-ДПМНЕ, веднаш по превземањето на власта.