Предлогот на Владата по скратена постапка да се донесе законот за амнестија не доби поддршка од Собранието кое денеска одлучуваше за потребата од негово носење во тек на утврдување на дневниот ред на 129 седница. „Против“ гласаа 66 пратеници, „за“ 17, а тројца „воздржани“.
Основната цел е алармантна состојба во затворите како што во условите така и со многу затвореници. Овие препораки и констатации се дадени од многу релевантни институции коишто ги напоменуваат условите во извештаите, рече во образложението министерот за правда Кренар Лога, кој е предлагач на законот.
Државата, наведе тој, може во определени мерки со закон против сторителите на кривични дела да не врши кривични прогон, а сега и затвореник може да се помилува или да му се намали казната. Казната е нешто што се извршило, амнестијата е едно нешто коешто ќе овозможи социјализација, рече Лога, напоменувајќи дека социјалните причини се многу важни за донесување на овој закон за амнестија.
Министерот за правда пред почетокот на седницата им подели на пратениците фотографии од состојбата во затворите.
Претходно, опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира носењето на законот со доставување голем број амандмани, а амандмани најави и СДСМ со цел да изземат од амнестирање осудените од предметот „Монструм“.
Comments are closed for this post.