Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на опозицијата не бегаат од одржување на лидерска средба. Но, разликата е во тоа што темите за кои би се разговарале се различни. Ковачевски посакува лидерска средба на која би се разговарало за уставните измени, а од друга страна Мицкоски бара средба со една единствена точка-одредување на датум за избори
-Лидерска средба може да има во секое време доколку има нешто ново во однос на продолжувањето на евроинтеграциите на која ќе се разговара за аргументите, а пратениците и онака секојдневно имаат директна комуникација во Собранието. Ние не бараме поддршка за Владата и мене не ми треба поддршка од опозицијата за мене лично. Опозицијата постои за да не го поддржува премиерот и да не ја поддржуваат Владата, но има одговорност да ја поддржи визијата, целта и стратегијата на граѓаните и на државата во кој правец ќе се движи, рече Ковачевски.
Comments are closed for this post.