Многу дрва се уште изгледаат фантастично, палмите се обоени во зелено и му пркосат на небото…но нешто не е во ред…Зошто огромен имот од цврст материјал е изгорен до темел, а дрвата се нечепнати? Оваа дилема ја поставува популарниот германски шоумен, Томас Гочак, чија велелепна вила ја проголтаа огнените јазици во Калифорнија.

Исто така и соседната вила, на соседот на Гочак, воопшто не е пипната. Затоа, тој јавно прашува – како е тоа можно. Дали можеби некој треба да се посомнева дека некои објекти се намерно палени?

Пожарите во Малибу беа катастрофални, тие одзедоа најмалку 44 животи, околу 200 лица се водат како исчезнати, а велелепниот монденски Малибу е збришан од мапата. Сепак, експерти велат дека имаат одговор зошто некои дрва останале непипнати, а цели куќи се изгорени до темел. Тие велат дека токму на фотографијата на имотот на Гочак се гледа дека заштитната бариера од вода е причина дрвјата да се спасат. Практично системите за иригација кои ги имаат некои од вилите дејствувале спасоносно за објектите. Особено, доколку не дувал силен ветер во околина, и тоа може да делува спасоносно.

Што се однесува до куќата на Гочак, изградена во традиционлане баварски стил, таа во себе имало многу дрвена граѓа, па од тие причини и брзо изгорела, а како што тврди еден експерт, само дрво не гори, или побавно гори, отколку сува граѓа вградена во куќа.