Сите анкети кои се направени во последните неколку месеци покажуваат двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ над СДСМ. Резултатите од овие истражувања ги имаат и власта и опозицијата, но и неколку значајни амбасади.
Конкретно во една анкета ВМРО-ДПМНЕ има 24 отсто поддршка додека СДСМ 11, а во телефонско истражување разликата е 21-12 во корист на ВМРО-ДПМНЕ.
Токму поради овие бројки ВМРО-ДПМНЕ бара брзи пармаментарни избори во текот на есента, а на таков став полека е и меѓународната заедница. „Странците“ навиваат за избори откако видоа дека власта не може да испорача уставни измени и особено што влегоа во процесот без обезбедено парламентарно мнозинство.
Релевантните амбасади биле изненадени од бројката и од компактноста на коалцијата на ВМРО-ДПМНЕ која гласаше против отворање на Уставот.
Во таква ситуација, најлогичното решение е изброри на кои победникот е веќе познат.Со новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се дојде до решение кое ќе ги штити македонските национални интереси и кое нема да биде „сто-нула“ во корист на Бугарија.
Comments are closed for this post.