Бугарскиот кошаркар Николај Вангелов кој беше дел од навивачката група на Левски која беше на мечот со Шкупи раскажа како си поминал во Скопје.Овој кошаркар кој е голем фан на фудбалот и на Левски вели дека македонската полиција кон нив се однесувала грубо, ги мавала и оти има голема нетрпеливост кон Бугарија и Бугарите во Македонија.

Благодарам на навивачите за поддршката Полицијата беше крајно агресивна. Јас бев најпогоден, можеби затоа што сум најголем. Ме тепаа по очи. Ми ставаа лисици, палки, ме клоцаа…,Ништо не направивме, само многу сме омразени кај Македонците, овде никој нема да ви помогне.изјави Вангелов за БТВ.