Цела Влада е вклучена во преговори со едно село во североисточна Македонија да ги убеди граѓаните да плаќаат сметки за струја, нешто што по природа треба да го прават, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Вевчани, зборувајќи за блокадите во Слупчане.
Еве да речеме овде во Вевчани има 2.500 жители, натплатата за електрична енергија е повеќе од 90 отсто, претпоставувам исто е и за даноците. Е сега прашувам, зошто овие граѓани да бидат од втор ред, дали треба да ги кренат во воздух трансформаторите за да привлечат внимание? Не смее да има привилегирани, не смее во Слупчане луѓето да се привилегирани, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.