Во Австралија се собрани околу 125.000 австралиски долари за бездомникот Мајкл Роџерс, кој и помогна на полицијата во Мелбурн за време на терористичкиот напад на 9 ноември.
Роџерс (46) беше еден од сведоците на нападот извршен од страна на терористот Шир Али против полицајците во центарот на Мелбурн. Гледајќи како налетува со нож кон нив, тој се обидел да го спречи со помош на количка за пазарување од соседен маркет. Терористот бил удрен, а Роџерс успеал да му го попречи патот накај полицајците. Тоа им овозможило да го застрелаат напаѓачот.
Видеоснимката со храбрата постапка на Роџерс беше објавена на социјалните мрежи од очевидци на настанот, а локалните медиуми објавија дека станува збор за бездомник. Жителите се организираа и почнаа да собираат средства за да му го олеснат животот. Наредниот ден објавија дека се собрани околу 125.000 австралиски долари.
Во терористичкиот напад на 9 ноември загинаа три лица, а две беа повредени.
More video shows how police and some of the public responded- inc the efforts of #trolleyman. @VictoriaPolice say one officer was only 3 months out of the academy @10NewsFirst Credit: @AudiOdane_ pic.twitter.com/UiGeNEpG2N
— Dougal Wallace? (@DougalWallace) November 10, 2018
Comments are closed for this post.