Грчката полиција сè уште има практика да ги вади и привремено да ги одзема регистарските таблички на туристите кои непрописно паркираат, а тоа е легитимно според грчките закони. По одземањето и вадењето на регистарските таблички често следува и суспендирање на сообраќајната дозвола на 20 дена.
Сегашната казна за непрописно паркирање во Грција е од 40 до 80 евра и може да се плати во секоја пошта – Хеленик Пошта (ЕЛТА). Oд „Грчка инфо“ советуваат да го понесете со себе листот што полицаецот го оставил на шофершајбната и со доказ дека сте ја платиле казната да одите во надлежната Полициска станица (на билетот ќе пишува за која станица станува збор).
Според грчкиот закон за патен сообраќај, во случај на непрописно паркирање, покрај отстранување на регистарски таблички и парична казна, може да се примени и казната – одземање на возачка дозвола за 10 дена и сообраќајна дозвола за 20 дена.
Некогаш полициските командири се спремни да ги вратат регистарските таблички и сите документи на возачот веднаш по плаќањето на казната или следниот ден, а понекогаш го задржуваат правото да не ги вратат (како што дозволува законот) во следните 20 дена.
По истекот на 20 дена, полицијата ги испраќа табличките до конзулатот, а конзулатот ги испраќа на вашата адресa.
Ова е најголемиот проблем за возачите, бидејќи тие мора да бараат друг начин да се вратат во својата земја, а трошоците се натрупуваат…
Совети како да ги вратите табличките и документите што е можно поскоро
Ако не зборувате добро англиски, откако ќе ја платите казната, не одете сами во полициска станица – подобро е некој од грчките граѓани да оди со вас, советуваат од „Грчка инфо“.
Тоа може да биде сопственикот на сместувањето каде што престојувате или некое друго лице од Грција што ќе му објасни на началникот на полицијата на неговиот мајчин јазик дека немате можност да останете подолго во Грција да ги чекате табличките (со неколку споменати изговори, мали деца, немање пари и сл.).
Кога ќе дојдете во полиција, ќе треба да поднесете барање кое таа може да го одобри и да ви ги врати документите или да одбие во рок од ден или два.
Локалното лице кое ќе биде со вас и полицајците во станица често се познаваат, особено кога станува збор за помали одморалишта, а поверојатно е дека со помош на грчки државјанин ќе ви излезе во пресрет полицијата и ќе ги вратите одземените предмети и документи.
Comments are closed for this post.