Првиот вицепремиер Артан Груби денеска во својот Кабинет го пречека албанскиот репрезентативец Јасир Асан.
„Задоволство ми беше да го пречекам нашиот фудбалер, дел од албанската репрезентација, Јасир Асан, денеска во мојот кабинет. Му честитав на Јасир за двата одлични настапи во победите на нашиот национален тим, за спектакуларниот гол постигнат против Молдавија и го охрабрив да продолжи со одличната работа во однос на напредувањето во професионалната кариера. Ќе продолжиме да го поддржуваме во секој чекор од неговата кариера, посакувајќи заедно со репрезентативците да стигнат до квалификациите за Европското фудбалско првенство“, истакна Груби.
Comments are closed for this post.