Вака сега изгледа Марко Милошевиќ (ВИДЕО)

14.06.2023 / 12:37


Марко Милошевиќ, синот на поранешниот претседател на Србија и СРЈ, Слободан Милошевиќ, за прв пат се појави во јавноста по повеќе од 20 години.

Милошевиќ е снимен во Москва на откривањето на споменикот на неговиот татко, во друштво на Александар Залдастанов, познат како Хирург, близок соработник и пријател на Владимир Путин и водач на мото групата „Ноќни волци“, пишува Блиц.

Во видеото кое трае нешто помалку од 50 секунди, Залдастанов го најавува Милошевиќ, кој потоа и се обраќа на толпата повторувајќи ги зборовите на татко му напишани на споменикот.

„Како што пишува овде на плочата, ние, за жал, бевме тест за тоа што се случи со Русија и што се случува сега во Украина. Југословенските војни се исти, само сега во Украина – забрзана верзија. За жал, ја изгубивме битката, но војната, се надевам, не сме. Од нашите грешки и од нашата судбина, Русите извлекоа лекција и ќе победиме! За победата“, рече Марко Милошевиќ, стоејќи пред српското знаме, откако кој еден од насобраните извикува „Србија ја чува славата!“.

Инаку, посочува белградскиот весник, синот на Милошевиќ изгледа прилично непрепознатливо во однос на последните достапни фотографии од пред повеќе од 20 години, тој видно остарел и побелел.

Тој не се појави во јавноста откако, по падот на режимот на неговиот татко на 5 октомври, побегна во Русија откако беше обвинет под сомнение за вмешаност во организиран криминал.

Веќе на 7 октомври тој ја напушти Србија и преку Пекинг замина во Москва, каде што доби политички азил.По него има потерница од Интерпол во Србија, според кој треба да биде уапсен ако се појави во земјата.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Регион

Веља невоља тврди дека не знае како изгледа машина за мелење месо

пред 4 дена
Регион

Дали трет Протокол со Бугарија е решение за спорот?

пред 4 дена
Регион

Мицкоски вели дека како Влада немааат како да и помогнат Србија во нафтената криза

пред 6 дена
Регион

Дали сте изненадени? Твитер профилите на српската опозиција се водени од Хрватска (ФОТО)

пред 1 нед.
Регион

„Месарот“ од групата на Веља невоља на швалерката и купил смарт возило

пред 1 нед.
Регион

Апелација ја укина пресудата за родителите на Коста Кецмановиќ

пред 1 нед.
Регион

Само на Балканот користат Вибер, речиси цела Европа е на Ватсап

пред 1 нед.
Регион

Вучиќ ќе ги тужи „Гардијан“ и „Дејли Мејл“ за клеветата дека бил снајперист во Сараево

пред 1 нед.
Регион

Мицкоски во Тирана на отворање на новите канцеларии на Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“

пред 2 недели
Регион

Весли Кларк: Хашим Тачи не беше командант на УЧК

пред 2 недели