Завршува школската година, а голем дел од родителите кои немаат кој да им ги чува децата се соочуваат со проблемот за нивно згрижување во текот на летниот период додека се тие на работа.
По повеќенеделната голгота со поднесување на барања и молби до градинките натериторијата на општина карпош за прием на дечиљата, од страна на директорите се добива истиот одговор дека општината одлучила дека годинава нема прием на школски деца , дека немаат кадар, немаат услови итн.
Тие прашуваат зошто градоначалникот на Општина Карпош нема доволно слух што соовие деца кои нема кој да ги чува, дали ќе треба еден од родителите да дава отказ од работа за да може да си ги чува дома децата во време на голема финансиска иекономска криза.
Согласно чл.57 став 2 од законот за заштита на деца „детска градинка може даобезбедува престој и исхрана и за деца над шест години, односно од поаѓање воосновно училиште до 10-годишна возраст “,заинтересираност од страна наградоначалникот и директорите на градинките за ова проблематика не постои во Општина Карпош.
Уште еднаш јавно и гласно апелираме до директорите, до градоначалникот наопштина карпош, до советниците на општината да се разгледа можноста одформирање на групи по градинките за прием на школските деца за да бидатзгрижени во текот на летниот распуст – изјавуваат родители од едно одосновните училишта во општина карпош-прашуваат загрижените родители.
Comments are closed for this post.