Шпанската тенисерка Габриње Мугуруза се мажи за обожавател кој ѝ побарал „селфи“ на улица. Мугуруза ќе стапи во брак со Артуро Борхес, со кој неодамна сподели заедничка фотографија со натпис: „Веќе ме имавте на „здраво“.
Нејзината приказна е невообичаена од повеќе причини, пред се поради тоа што некогаш најдобрата тенисерка на светот постојано е на пат. Обврските во нејзината професионална кариера бараат таа да не може да се посвети на нешто друго освен на тенисот, за што е потребна голема пожртвуваност и разбирање од партнерот.
Мугуруза сега е на пауза од тенисот, бидејќи нема играно од Австралија опен и Лион, што значи дека е надвор од тенисот веќе подолго време. Шпанскиот весник „Ола“ ги објави деталите за необичната романса која се разви во претходните години и ќе го добие својот убав епилог пред матичар.
„Мојот хотел беше многу блиску до Централ Парк и бидејќи ми беше досадно решив да излезам и да прошетам. Додека одев налетав на него, ми посака среќа на САД Опен и веднаш помислив колку е убав. Ме привлече и тоа што тој не е од светот на тенисот. Ме освои“, откри Мугуруза.
Грен слем шампионката од Ролан Гарос во 2016 година и Вимблдон во 2017 година беше и број еден во светот во 2017 година, а денеска е на 168. место на ВТА листата. Таа во досегашната кариера има освоено десет титули.
Comments are closed for this post.