На вчрешната трибина во Кавадарци се обрати лидерот на ВМРО-ДПМЕ, Христијан Мицкоски. Во продолжение го пренесуваме интегрално неговото обраќање.
Добра вечер народе од Тиквешијата,
Регион на работливи и чесни луѓе, луѓе со достоинство и огромна чест за себе и своите семејства.
Секогаш за мене претставува огромна чест и огромно задоволството што сум помеѓу вас и во овие судбоносни времиња заеднички да се спротивставиме на она што претставува закана за иднината на нашата татковина Македонија.
Не сум човек што во ракавици говори, туку отворено, и ги кажувам работите онакви какви што се.
Имаме власт која е во распаѓање, тотална анархија во институциите. Премиер кој наутро си пишува оставка и вели доста е, не можел да го издржи притисокот. Попладне доделува тендери, а навечер говори за тоа како ќе ја спасел Македонија и ќе ја внел во Европската Унија. Ниту неговото членство во него не гледа сериозен фактор, затоа што тие и не знаат кој вистински им ја води партијата. Но, да бидам искрен, кој и да е, едно е сигурно, најголемото влијание во СДС има и со Бихаќка управува Речица. СДС е киднапирана партија и слуга на вистинскиот и најголем партнер во владата, а тоа е ДУИ која 20 години е власт и со тек на годините станаа криминализирана група силно вмрежена и ухлебена во државните институции.
И не само ДУИ што ја поседува СДС туку им го поседува и претседателот на државата Пендаровски. Кога велам им го поседува претседателот, велам затоа што Пендаровски, изминативе 4 години и повеќе ја испушти можноста со своите постапки да биде претседател на сите граѓани, тој покажа и докажа дека е претседател само на оние малкумина кои се уште го поддржуваат. Затоа велам им го киднапираа и претседателот на државата, а тоа е Пендаровски.
Човекот нема став кој не го промени. Имаме претседател во два облика. Првиот е оној кој се појавува на интервјуа и телевизија и говори она што сака да го чуе народот, а вториот облик е оној кој го среќаваме при носењето на одлуките, целосно спротивен од тоа што претходно го говорел. Па од Пендаровски јавно интервјуа, неговите настапи по телевизиите ќе слушнете за француски предлог дека не го прифаќа, но затоа на маса кога го седнаа без двоумење веднаш го прифати истиот предлог. На интервјуа имаше и тој сомнежи за договорите за Коридорите 8 и 10 д, но на маса ги потпиша сите закони и ги прати во Собрание. ДУИ не само што ги киднапира институциите туку во заложништво го држи СДС и Пендаровски. Фали, уште она како на вицот „трепнете двапати да не сте киднапирани“.
Таква е и политиката на власта. Имаме премиер и претседател кои исполнуваат желби на ДУИ само за да си купат време и поддршка за фотелјите кои ги запоседнале. Тука не прибираат колку штета ќе направат на Македонија.
Па така многу дисциплинирано молчат за оној дел од договорот за делов од коридорот 8 и 10д каде предвиделе плата за специјалист од 36 илјади евра месечно. Оваа плата од 36.000 евра ќе ја платиме ние македонските граѓани од буџетот, каде што македонските граѓани немаат плата поголема од 300 евра
Потоа око не им трепнува што ќе суспендираат правен систем и што за грешките во проектирањето повторно ќе плаќате вие нашите граѓани од буџетот, а нема да плаќа тој кој е одговорен за тие грешки во проектирањето.
Јас немам проблем со коридорите кои ќе се градат, но имам проблем и секогаш ќе имам со грабежот кој се прави на грбот на овој народ во името на тие коридори. Јас немам проблем која компанија ќе ги гради коридорите, но да, имам проблем со криминалците во владата кои потпишаа договор свесно ставајќи ја Македонија во должничко ропство. И да имам проблем со тоа што тие и од овој договор сакаат да станат побогати додека народот осиромашува. И нека не се залажуваат со оние пораки од власта еве гледајте сега што ќе им направат странците на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што зборат за договорот. Па и странците, нашите пријатели од меѓународната заедница не сакаат криминал и странците не поддржуваат корупција. Нема извештај на меѓународна институција која не констатира висока корупција во институциите. Нека посочат еден пример на релевантна меѓународна организација која вели владата успешно се справува со криминалот.
Нека не се тешат дека некој ќе им фрли гума за спасување во последен момент, власта Вардар не ја пере. Затоа што доаѓа часот кога ќе се побара одговорност и од ДУИ и од СДС. Ќе се отворат тендерите, ќе се разгледаат постапките. Ќе дојдат луѓе некорумпирани кои ќе удрат по корупцијата и криминалот. Нема да се смирам додека и последниот криминалец не ја добие заслужената казна. Зошто не може да одиме чекор напред ако не расчистиме со минатото и криминалот од минатото. А што се однесува до ДУИ време е тие да отидат во опозиција. Време е освен тоа што ќе се соочат со одговорност да отседат во опозиција и да се реформираат. Потребно е создавање на блок кој ќе удри по криминалот, кој ќе направи реформи и создаде иднина. Тоа не е можно да се направи со оние кои везден 20 години се провлекуваат со секоја власт а сега го имаат ѕвездениот момент наоѓајќи слаба карика кај овие од СДС која ја уценуваат на секој чекор.
Немаме силна потпора во власта која може да биде брана на сите нелогични и аспираторски барања кои сакаат да не поништат како нација, како држава и народ кој постои со векови. Жалам и што власта ја оттурна секоја моја подадена рака за национално единство. И станува беспредметно да барам национално единство од оние кои секогаш попуштаат само да си ја спасат кожата и останат на власт и потклекнуваат на секое неразумно барање што некој ќе ни го испорача. Затоа единствената брана на тој план е ВМРО-ДПМНЕ, јас и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои ја имаат мојата безрезервна поддршка. Секој еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кој денес е во Собранието ја има неповторливата можност да стане вистински трибун на народот и да ја поправи сликата нагрдена од разно разни минати пратеници кои правеа нечесни договори на грбот на народот, на грбот на Македонија. Верувам дека оваа генерација на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата заедно со мене, со раководството на партијата го носи најголемиот товар да не попушти пред сите притисоци и убедувања за уставни измени затоа што не смееме да го разочараме народот.
Тие од власта лесно коленичат пред канцеларии и кодошат по амбасади, затоа што во нив го гледаат спасот на своите бедни политички кариери.
Ние од ВМРО-ДПМНЕ единствено служиме на народот и на Македонија и затоа имаме обврска да градиме мостови и пријателства со светот. Но при секоја вградена тула, појдовната точка да ни биде интересот на граѓаните и националните позиции на кои никогаш нема да им засвртиме грб.
Тие од власта ја виткаат кичмата пред разно разни авторитети, ние од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата единствено што бараме да се почитува мислењето и ставот на повеќе од 80 проценти од населението кое порачува не за уставни измени.
И ви кажувам дека уставни измени под бугарски диктат и под овие околности нема да има.
Овие работи кои сега ги говорам истите ќе ги кажам и на лидерската средба која од власта најавуваат дека ќе се случи.
Не е коректно што уставните измени патуваат кон Собранието, стокмени напишани, по бугарски терк, а премиерот бара лидерска средба. Тоа значи дека не е искрена ниту неговата желба да се состанеме и да направиме вистински договор за иднината на оваа наша Македонија. Треба да дискутираме за нешто што веќе е напишано. Тие уставни измени лошо ќе завршат затоа што нема да добијат поддршка, но никој од власта не говори за времето што потоа. Јас ќе ви кажам, нема и не смее да има губење на време. Јасно ќе биде дека непоминувањето на уставните измени ќе биде дефинитивниот крај на оваа влада и потребата на маса да се стави единствената разумна точка, а тоа е оставка на ова влада на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДС. Затоа што доколку и понатаму се остане на позициите и остане оваа влада кризата и поларизацијата ќе се зголемува и само штетата од ова катастрофално владеење ќе биде поголема.
Време е на сцена да застане еден блок кој ќе се обедини околу иднината на сите луѓе затоа што Македонија е за сите луѓе. Потребно е да се позанимаваме со реалните проблеми на луѓето каде седи изворот на она што ја тишти и силно потиснува оваа нација. Најавувам блок кој ќе се соедини околу најважните интереси на Македонија, каде ќе се обединиме многу субјекти од сите партии и групации кои се вистински заинтересирани Македонија да е на сите и да одиме напред. Најавувам блок кој ќе понуди програма и визија, кој ќе се бори и за нови европски вредности и за економски достигнувања. Мора да се отвори нова страница во одбрана на македонскиот идентитет, на стандардот на граѓаните, страница која ќе обезбеди вистинска европска перспектива во Македонија.
Оваа брана е ВМРО-ДПМНЕ, таа браната и одговор на сите овие работи за кои денеска зборува. Оваа брана која ги брани националните интереси е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и таа треба да прерасне во силна заштита. Силна пречка за сите деструктивни сили кои сакаат Македонија да ја обезвреднат и да ја повлечат надоле. Ова треба да биде блок составен од сите кои сакаат Македонија да оди напред, прочистени од сите оние трули и заостанати делови кои се сидрото на Македонија.
И тој блок ја предводи Македонија и ќе ја осигура иднината која ја заслужува секој еден човек.
СДС пред да дојде на власт ветуваа сигурен откуп и високи откупни цени за земјоделските производи. Од овде од Кавадарци ветуваа сигурен откуп за грозјето и повисоки цени. Седум години потоа ниту има сигурен откуп, ниту има повисоки откупни цени. Напротив, секоја година гледаме редица трактори полни со грозје како чекаат за влез во еден од откупните центри, земјоделците чекаат и по неколку часа за да го предадат грозјето, за мизерни цени.
Власта им го зема достоинството на земјоделците, земјоделецот никогаш не бил понижен повеќе од сега.
Условите за работа се сѐ полоши, недалеку од овде имаме хаварија на системот за наводнување, повеќе од 2.500 хектари под лозов насад и праски се во опасност дека нема да имаат вода за наводнување.
Со години не инвестираа во системите за наводнување.
Секоја година се намалуваат површините под земјоделски посеви, секоја година се помалку луѓе работат земјоделие, затоа наместо наше производство секој ден тони и тони зеленчук и овошје кое до сега се произведувале во Македонија, се увезуваат, па гледаме како оние од власта дозволуваат увоз и покрај тоа што нивото на пестицидите е над дозволеното.
Некогаш Македонија ја прехрануваше целата поранешна држава чиј стандард Ковачевски сака да го достигне, а сега не може да се обезбеди храна за сопствени потреби. Ете толку од оваа влада на ДУИ поддржана од помалиот коалиционен партнер СДСМ и Ковачевски.
Поразите во земјоделието мора да запрат. Ќе го вратиме достоинството на земјоделецот, ќе го зајакнеме земјоделието, и од истото ќе направиме силна извозна гранка, која ќе придонесува во значајна мера кон развојот на економијата.
Драги пријатели, браќа и сестри,
Внимателно го слушаме народот. Внимателно ја ислушав и пораката на Вецко Ивановски од село Саждево. Ова се реалните прикази на проблемите и маката на луѓето. Ова се вистинските приказни и искуства на луѓето, наместо розовата слика на екраните која ја дава владата. Освен тоа што политички е разорана Македонија, таа е и енергетски упропастена. Ако сакате стратешки да упропастите една држава, тогаш одземете и го енергетскиот потенцијал. А, токму тука удира оваа власт затоа што наместо добробит за народот гледаат профит во наместените и доделени тендери во четири очи во Осломеј, во Неготино. Хидро потенцијалот до скоро пред да се влошат временските прилики во Македонија беше на историски најниско ниво, пресушуваа езерата, пресушуваа реките. Струјата ја повлече инфлаторната спирала и нема производ кој не е неколкукратно поскапен. За народот скап живот, а за власта тендери. Ова мора да се смени, а за да се смени мора макотрпно да се работи. Мора макотрпно да се работи за енергетскиот потенцијал на државата. Пред мене на оваа говорница стоеја луѓе кои што зборуваа за енергетскиот потенцијал, за она што било направено, за тоа што сега погрешно се прави, но и за она што ќе направиме во иднина. Единствената работа која што сакам од овде од Кавадарци да ја кажам, а која сите ние треба многу сериозно да работиме за да ја постигнеме, тоа е Македонија како држава да биде извозник на електрична енергија. Имаме потенцијал, имаме луѓе, имаме кадар. И наместо увозник да бидеме извозник на електрична енергија. Немаме нафта, немаме гас, не сме со излез на море за жал количините ресурсите со јаглен ни се лимитирани и полека но сигурно се трошат, но затоа пак имаме природни богатства кои можат сето ова со добро планирање, добар менаџмент, и правилни инвестиции од државата како и навремено одржување на производните капацитети и нивна модернизација да направиме Македонија не само за дома туку да има струја и за надвор. Да го снабдуваме Балканот со струја произведена во Македонија.
За ова да го направиме драги пријатели, браќа и сестри потребни се три работи, во 2021 година заедно со народот, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата направи историски резултат на локалните избори и за првпат во историјата на Македонија победи и во првиот и во вториот круг и денеска има мнозинство на градоначалници кои што работат многу посветено, многу чесно, многу храбро, многу одговорно. Реализираат многу проекти и покрај притисоците кои што доаѓаат од оваа ненародна Влада на ДУИ поддржана од помалиот коалиционен партнер СДСМ. Месеците им се избројани но пакоста, теророт кој што го сеат врз општините каде што живеат граѓани, каде што не гласале за нивните кандидати, туку гласале за коалицијата која што ја преводеше ВМРО-ДПМНЕ е голем. Тој терор е голем. Се кратат дотации, се одземаат ингиренции, не се инвестира во тие општини, но градоначалниците се борат. Се борат и овде во Тиквешијата и овде во Кавадарци и во Неготино, и секаде низ цела Македонија. и така ќе продолжат. Повеќе од година и половина држиме лекција за добро владеење, за вистинско владеење без ниту еден скандал кој што се поврзува со корупцијата. Додека истовремено Владата на ДУИ поддржана од СДСМ генерира неколку такви коруптивни скандали секој ден. Тоа е вистинската слика која што прави разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и оваа Коалиција на власт на ДУИ поддржана од помалиот коалиционен партнер СДСМ.
Затоа драги браќа и сестри, набргу од денеска, за неколку месеци од денеска важни ќе ни бидат на секој еден од нас три работи, правата работа е да излеземе масовно на следните избори и парламентарни и претседателски, да се обединиме, да не подлегнуваме на кампањата која што ја водат овие губитници дека сите се исти, не се сите исти. Јас во неколку минути набројав неколку разлики помеѓу коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на ДУИ и помалиот коалиционен партнер СДСМ. Суштински разлики кои што значат квалитетен живот, достоинствено образование, чесен здравствен систем, и добро платени земјоделци. Тоа се неколку суштински разлики кои што нас треба да не мотивираат сите заедно да излеземе масовно и да гласаме, обединети. Да не важи онаа кажаната и без мене ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Да ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, но таа победа мора да биде голема. Таа победа мора да биде историска со историски резултат, за да ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вистински ја реформираат Македонија. и вистински да ја направат достоинствена европска земја, каде што сите ние ќе се гордееме. Децата кои што ни отидоа да си ги вратиме дома. Да сопре плачот на мајките и сестрите кога се разделуваат од децата. Да направиме од Македонија достоинствено место за живеење. Затоа ни треба масовност. Затоа ни треба поддршка историска од граѓаните во Македонија. Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Бошњаци, сите да се обединиме околу главниот столб, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тоа е она кое што е важно.
Втората работа што е важна, на следните избори ќе имаме три опции – првата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, втората опција е коалицијата на ДУИ поддржана од помалиот коалиционен партнер СДСМ. Доволно зборував нема да го оптеретувам денешниот собир повеќе со таа коалиција.
Трета работа, ни е потребно отворање кој секој еден кој е добронамерен, кој сака да допринесе во оваа наша борба против оваа влада на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДС. Кон секој еден граѓанин кој сака да застане до нас кој сака да ни се приклучи. Затоа ни е потребно отворање и заедничко обединување омасовување. Само така можеме да дојдеме до конечната цел, а тоа е историска победа и мнозинство во парламентот, мнозинство кое ќе го има ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. А тоа мнозинство ќе го обедини заедничкиот патриотизам за кој долго време зборувам.
Заедничкиот патриотизам е и надежта и сонот за држава која ќе обезбеди еднакви можности секој да се развива според своите квалификации и способности. Држава која ќе обезбеди работа за невработените, сигурност за оние кои се на удар од предизвиците на сегашноста, закрила за слабите. Солидарност во која мораме да веруваме.
Заедничкиот патриотизам ги руши ѕидовите на омраза и поделби. Ги остава зад нас оние прашања кои толку многу не мачат и делат овие 32 години независност од кој видовме само болка и страдања и заедничкиот патриотизам е борбата за убав живот, живот на институции кои функционираат за сите, систем кој нуди шанса за сите. Држава која нуди заштита за сите.
Македонија на заеднички победи, реформи. Македонија на големи чекори напред и големи промени. Македонија која дава сигурност, дава перспективна шанса за секого. Македонија во која одлучувате вие. Македонија која ја победува апатијата, која ја менува грдата реалност. Која дава рака на секој еден кого системот го оттурнал и го ставил на страна.
Македонија на работниците, на невработените кои мора да се вработат, на докторите, на професорите. Македонија на умните и мудрите.
Ова е Македонија на народот кој знае кој е. Кој знае што е и каде треба да биде.
Македонија на народот кој е посилен од секоја елита, клика и група која нè влечела надолу.
Шанса не само за една, туку за сите генерации заедно оставени на страна овие 30 години.
Шанса за заедничкиот патриотизам во кој веруваме.
Ова е Македонија на заедништво и нов заеднички патриотизам на рамноправни.
Нашата борба е за европски вредности базирани врз меѓусебно почитување и самопочит.
Нашата борба е вредности, идеал и кауза.
Нашата борба е да ја обновиме Македонија.
Промените да победат, за заедничка иднина!
Ова е незапирливата сила на народот.
Ова е Македонија! Македонија за сите!
Comments are closed for this post.