Хари Мата Хари долги години беше во брак со сопругата Аида, со која ги добија синот Дамир и ќерката Надја.

Но, тој има и уште еден син од вонбрачна врска, пренесува порталот 24седам.рс.

Мак Варешановиќ е роден 1991 година, а се шпекулираше дека пејачот не знаел за него.
Мајката на Мак негираше, а истакна дека Хари знаел за нејзината бременост уште од првиот ден, а се грижел и за синот.

Притоа, таа истакна дека таа и Хари подобро се сложувале отколку кога би биле во брак и дека пејачот не се мешал премногу во тоа како ќе го одгледа нивниот наследник.
Мак се ожени пред неколку години, а со сопругата живее во Германија. Хари дури бил домаќин на свадбениот ручек.