Секојдневното креирање на лажни вести проследени со навреди се најниското ниво на кое ВМРО-ДПМНЕ е спаднато од своето основање до денес.
Денешното ВМРО-ДПМНЕ е непрепознатливо кое што го „пушти низ вода“ сето свое претходно раководство и се служи со омаловажување на другите преку Гебелска пропаганда, се пожали Артан Груби откако денеска беше објавено дека купил патики што чинат 450 евра.
Тој испрати и принтскрин дека патиките ги купил на намаление и чинеле 138 евра.
-Затоа, Никола Груевски има четири пати поголем рејтинг од Христијан Мицкоски и повеќе од една третина на гласачите на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржуваат Мицкоски туку го сметаат сеуште Груевски како нивен лидер.
ВМРО-ДПМНЕ треба да се извини за клеветите и лилчните навреди упатени према Првиот потпретседател на Владата, г-дин Груби.
Comments are closed for this post.