И денеска сме во кампањата „Ова е Македонија за сите“ во посета на Општина Пехчево во населените места Црник и Панчарево. Граѓаните се гневни затоа што СДС она што им го има ветено ништо им нема испорачано, ветуваа живот а донесоа сиромаштија, без парица и национални понижувања, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки при денешната теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ:
Тој додаде дека историски Македонија трпела неправди.
„Во историјата Македонија трпела неправди, делење, грабежи меѓутоа никогаш не била понижена како што тоа е денеска, односно од внатре. Власта и должи објаснување на македонската јавност, дали онаа експертска група т.н составена од 20-тина џабе лебојадачи преговараат односно договараат редефинирање на државата“, кажа Ковачки.
Ковачки истакна дека одговор на тоа прашање не треба да го одговори Ковачевски, затоа што тој не е релевантен. Тој не е способен да си ја поднесе самата оставка доколку не ги праша Џафери или Ахмети. Одговор на ова прашање треба да даде пратеникот Али Ахмети
Comments are closed for this post.