Иако мојот увид беше визуелен, тој ми ги отвори очите дека обемот на оштетувања е многу поголем отколку што претпоставував врз основа на достапните фотографии. Трагите и оштетувањата од високата температура од пожарот не беа видливи на фотографиите онолку колку што навистина се, вели во ексклузивна изјава за МИА проектантот на мостот „Беласица” Вукан Њагуљ.
Тој во организација на Институтот за земјотресно инженерство и климатски промени изминатите два дена престојуваше во Скопје со цел да изврши увид во состојбата на мостот.
Во разговорот за МИА, инженерот Њагуљ порачува дека оштетувањата треба да се третираат многу сериозно и дека се потребни детални испитувања и пресметки.

Оценува дека постои можност за оштетување на продолжените кабли во главните носачи.
Не оштетени како челик, туку оштетени во однос на нивната носивост. Ако челикот се прегрее, ги губи карактеристиките што ги има, вклучувајќи ја и силата во него, со што се намалува сигурноста на мостот до некоја мера и се менува напрегањето во конструкцијата, појаснува Њагуљ.
Во однос на проблемот со сообраќајот кој настана по затворањето на мостот, тој посочува дека има решение, но додава дека е тешко изводливо.
Мое лично мислење е дека некој вид на контролиран пешачки сообраќај можеби може да се дозволи. Но, врз основа на моето искуство при вакви слични случаи, сметам дека дозволувањето на некаков редуциран патнички сообраќај со себе носи одреден ризик. На крај да заклучам. Според мене мора да се направат сите потребни истражувања и пресметки пред да се донесе било каква одлука. Мостот може да има и доволна сигурност според некои критериуми, но тоа може да биде тема за дискусија дури откако ќе се направат испитувањата, порачува инженерот Њагуљ.
Comments are closed for this post.