Музичарите од Филхармонија денеска пред Владата го отсвиера „Тешкото“ од Глигор Смокварски, барајќи од премиерот Димитар Ковачевски да се вклучи во решавање на ситуацијата со новоформиарнриот национален џез оркестар.
Незадоволството на вработените во Филхармонија започна кон крајот на март, кога се појави информацијата дека новоформираниот Национален џез оркестар, пробите и концертите привремено ќе ги одржува во нивниот објект. Тие тврдат дека не е возможно во објектот на Филхармонија паралелно да работат две институции.
Од Синдикалната организација на Филхармонија велат дека со протестот бараат од премиерот да се вклучи во решавање на проблемот и со тоа на следната седница Владата да се заложи за промена на адресата на новоформираната институција.
Вратените досега неколкупати протестираа пред Министерството за култура, изразувајќи го своето незадиволство од одлуката на министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, а денеска првпат протестот го преселија пред Владата.
По протестите пред Министерството за култура кое донесе штетна одлука без наше знаење и зад затворени врати, продолжуваме со протести и пред Владата и бараме итна средба со премиерот за побрзо надминување на проблемот во кој сме втурнати без наша вина. Бараме државата да не заштити и со тоа и на дело да покаже дека ја почитува и цени својата традиција и култура“, велат од Синдикалната организација на Филхармонија.
Comments are closed for this post.