Непосредно пред судијата да означи почеток на натпреварот, играчите на Реал одат на клупата за физиотерапевтите да им ги намачкаат градите со чудотворна маст. Со тоа се отвораат ноздрите за фудбалерите полесно да дишат.
Многу љубители на фудбалот забележаа на социјалните мрежи дека играчите на Реал, меѓу кои и Лука Модриќ, ги мирисаат дресовите натопени во пот. Колку и да изгледа чудно, има добра причина зад тоа.
Непосредно пред судијата да означи почеток на натпреварот, играчите на Реал одат на клупата за физиотерапевтите да им ги намачкаат градите со чудотворна маст. Со тоа се отвораат ноздрите за фудбалерите полесно да дишат.
Фудбалерите на Реал Мадрид сега ставаат маснотии на дресовите за да можат да користат ментол во текот на целиот натпревар.
„Медицинскиот мирис влегува низ носот и устата за да го помогне дишењето. Исто така, служи за ублажување на помали болки во мускулите и зглобовите“, пишува Marca.
Марка наведува дека благодарение на еукалиптусот оваа маст го подобрува снабдувањето со кислород на играчите и дека оваа процедура нема никаква врска со допингот.
Comments are closed for this post.