Законот за работни односи за изградба на коридорите од „Бехтел и Енка“ денеска ќе се најде пред пратениците на седница. Пријавени се пратеници од опозицијата а расправата може да трае најмногу три дена.

Главната забелешка за овие измени е 60 часовната работна недела за работниците кои ќе работат на коридорите.

Денеска во Комисијата за Европски прашања почнува и дводневната расправа за Законот за урбанистичко планирање.