Возачот на Мерцедес Британецот Луис Хамилтон победи во трката за Големата награда на Бразил на патеката Интерлагос во Сао Паоло.
Второто место го освои возачот на Ред Бул Макс Ферстапен, додека на третото скалило се искачи возачот на Ферари Кими Раиконен.
Со победата на Хамилтон, но и петото место на неговиот колега Валтери Ботас, Мерцедес ја освои титулата во шампионатот на конструктори, бидејќи сега имаат 67 бодови повеќе од второпласираниот Ферари.
Трката ја одбележа инцидент во 44-от круг кога возачот наФорс Индија Естебан Окон во втората кривина се судри со Ферстапен.Последната трка од сезоната, за големата награда на Абу Даби е по две недели.
Comments are closed for this post.