Според ново истражување на Федералниот институт за стручно образование и обука (БИББ) и Техничкиот универзитет во Брауншвајг, околу десет отсто од вработените во Германија се работохоличари. Овие луѓе работат претерано и тешко се исклучуваат од работата и во слободното време. Можните долгорочни последици се повеќекратни, бидејќи зависноста од работа е проблем за сопственото здравје, се истакнува во студијата.
Беатрис ван Берк, коавтор на истражувањето, наведува дека знаците на работохолизам се неможноста да се исклучиме навечер или на одмор, бидејќи когнитивно сè уште сме на работа. Истражувањето покажало дека работниците кои се зависни од работата, многу почесто од другите страдаат од физички или психосоматски заболувања – како што се замор, депресија и физичка исцрпеност.
И ова е многу проблематично бидејќи од други студии знаеме дека физичката и емоционалната исцрпеност е поврзана со исцрпеност и депресија“, вели Беатрис ван Берк.
Според студијата, луѓето на менаџерски позиции се особено погодени кога станува збор за зависност од работа. Од нив 12,4 отсто се работохоличари, а во таа категорија спаѓаат само само 8,7 отсто други работници. Зависноста од работата е „поизразена, колку е повисоко раководното ниво“. Вработените во земјоделството и хортикултурата исто така имаат поголем ризик од зависност од работа, „бидејќи во земјоделството работата и животот не се толку одвоени како во другите професионални области“.
Според Ван Берк, многу зависи и од организацијата во која се работи.
Особено во однос на прекумерната работа, важна е културата на компанијата. На пример, важно е да можеш да ги поминеш сите денови на одмор без проблеми, а не да одговарате на е-пошта по одредено време, да сметате дека е во ред да се јавите кога сте болни, кога се чувствувате очајно и кога ви треба време да се регенерирате“, вели Ван Берк.
Компаниите кои не се однесуваат вака ја поттикнуваат зависноста од работа, се наведува во истражувањето. Исто така, опседнатоста со работата на некој начин е знак дека оваа личност не се грижи доволно за себе, а некој што се запоставува себеси и своето здравје тешко може да биде квалитетен и продуктивен работник.
Ваквиот однос кон работата всушност е многу штетен и обично не води до успешни деловни резултати, покажале голем број студии.
Живееме во култура која промовира работохолизам. Тоа се сфаќа како напорна работа која треба да се цени и која е од корист на секоја компанија. Но, нашите резултати покажуваат дека таквите луѓе не постигнуваат особено добри резултати. Она што е уште поважно е фактот дека работохолизмот ги уништува луѓето, тие се под стрес, повеќе се склони кон конфликти, имаат нарушено ментално здравје, а тоа често влијае и на нивното физичко здравје“, вели Мелиса Кларк, шеф на истражувањето чии резултати беа објавени во списанието за менаџмент во 2014 година.
Експертите открија дека нема врска помеѓу работохолизмот и поголемата ефикасност и подобрата заработка.
Истражувањето спроведено на Универзитетот во Берген испитало 16.426 вработени возрасни и утврдило врска помеѓу работохолизмот и сериозните психолошки нарушувања.
Поточно, резултатите се следни:
* 37,7 проценти од работохоличарите имаат АДХД (нарушување на дефицит на внимание).
* 33,8 отсто од нив страдаат од анксиозност
* 25,6 проценти од работохоличарите имаат OCD (опсесивно-компулсивно нарушување).
* 8,9 отсто од нив се депресивни.
Работохоличарите имаат многу поголема веројатност да страдаат од различни психијатриски симптоми отколку оние кои не се работохоличари. Пристапувањето кон работата на таков екстремен начин може да биде знак за некои подлабоки психолошки и емоционални проблеми. Сепак, сè уште не е познато дали работохолизмот ги предизвикува овие нарушувања или луѓето со овие нарушувања се повеќе склони да станат работохоличари“, вели истражувачот Сесили Шу Андреасен.
Comments are closed for this post.