Пасквале Бонавота (49), водачот на Ндрангета, една од најголемите италијански мафијашки организации, е уапсен во катедрала во Џенова и со себе имал лажни лични документи.
Тој се бараше од 2018 година, откако избегна апсење по потерница за убиство и мафијашко здружување.
Бонавота е на чело на најмоќното италијанско мафијашко семејство, за кое се верува дека контролира 80 отсто од нелегалниот пазар на кокаин во Европа.
Тој е еден од обвинетите во актуелната голема судска постапка во која околу 300 лица се осомничени за дела поврзани со организиран криминал.
Бонавота е опишан како водач кој „ги донесува најважните одлуки“ заедно со другите шефови на „Ндрангета“ и се грижи за интересите на оваа мафијашка организација во областа Рим, како што се коцкањето и трговијата со дрога, наведува агенцијата АФП. .
Comments are closed for this post.