Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 21:10 часот во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, по одигрување на одбојкарскиот натпревар меѓу екипите на ГОК Борец од Велес и ОК Шкендија од Тетово, бил нарушен јавниот ред и мир, при што дел од играчите на гостинската екипа и дел од присутните во публиката фрлале едни кон други со разни предмети.
Притоа, со повреди се здобиле еден полициски службеник и еден играч на ОК Шкендија. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Comments are closed for this post.