Премиерот Димитар Ковачевски продолжува со кавгите и обвинувањата кон новинарите.
Тој денеска беше прашан како тоа неговата сопруга добила државно земјиште за 70 денари за метар квадрати тој им се закани на новинарите и сопствениците на медиуми.
Наместо да одговори за неговата сопруга тој говореше за тоа како сопруга на сопственик на медиум добила 1,4 милиони денари за спроведување на проект за државно финансирање.
Тој вели дека досега не сакал за ова да говори бидејќи сметал дека постапката е според закон.
За неговата „мака“, пак додаде дека нема конфлит на интереси бидејќи тој не присуствувал на седницата кога се донела одлуката за Елена Ковачевска.
Comments are closed for this post.