Т.н Жолта куќа, која се наоѓа во селото Рибе, недалеку од градот Бурела на северот на Албанија а за која Хашим Тачи тврди дека не постои, денеска е бела и во неа живеат членови на семејството Катучи.
Покрај тоа што негираа дека нивната куќа некогаш била место каде што се вадат органи на затворениците, тие исто така негираа дека куќата некогаш била жолта, но инспекторите пронајдоа траги од жолта боја под сегашната бела фасада.
Во куќата биле пронајдени и траги од крв. Органите на Србите киднапирани на Косово во доцните 90-ти се продавале на црниот пазар за до 300.000 марки за срце. , 60.000 марки за бубрег, а 10.000 марки биле пет литри крв.
Хируршките интервенции врз жртви на трговија со органи се вршени во здравствени домови или болници кои се користеле за лекување на војниците на ОВК за време на војната.
Comments are closed for this post.