Неспособноста на власта нема граници, а најнов доказ за тоа е поставувањето на Зуљхајрат Демири, за нов генерален директор на Македонски Железници.На чело на најголемиот државен загубар во Македонија, кој должи 70 милиони евра, се поставува лице, кое нема никаква стручност во оваа сфера но затоа има работено како келнер, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно е дека МЖ Транспорт единствено се користи само како средство, за задоволување на коалициските партнери и за нови партиски вработувања-велат во партијата.
Се ближи 150 годишнината од постоењето на Македонски Железници на 9ти Април, а во исто време работниците се во штрајк, возовите се во мирување и оставени се граѓаните без превоз.
Целта на ДУИ и СДС е јасна, докрајчување на МЖ, на штета на државата, работниците и граѓаните, додека криминалите и богатењето на ДУИ И СДС се во прв план.
Comments are closed for this post.