Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера по средбата во изјава за медиумите истакна дека фракции не се дозволени.
„Фракција врз основа на статутот на ДУИ и одлуките на Конгресот, не се дозволени. Да го почекаме Конгресот, на Конгресот јас повторно ќе предложам, со најдобра цел да победи мојот предлог за непризнавање на фракции во ДУИ. Секоја постапка надвор од Статутот е анархија. А анархијата е најголемиот непријател на демократијата. Начелото е малцинството да се придружи на мислењето на мнозинството, тоа е најдемократското начело. Во спротивно да направиме анархична партија и да работиме кој како сака“, вели Ахмети.
Comments are closed for this post.