„Огнената група“ на ДУИ би била поприфатлива за соработка за Движењето Беса само доколку решат да се отцепат од ДУИ и ако формираат нова партија најави лидерот Билал Касами во интервју на Алсат телевизија.
Касами додаде дека со сегашното парламентарно мнозинство е затворена секоја можност за соработка.
„За нас ќе биде добредојдено ако ‘огнените’ конечно решат да се отцепат од ДУИ, да формираат политичка партија. Потоа, да седнат заедно со нас и да се направи проширена опозициска коалиција, од нив, со Алтернатива, со други партии, со други политички групи, како и со интелектуалци и други форми на опозициски фактори од граѓанскиот сектор. За тоа ние сме заинтересирани и ние сме подготвени да ѝ подадеме рака за соработка на секоја политичка сила за која проценуваме дека ќе има поддршка меѓу албанските гласачи. На таков начин ќе им понудиме аргументи на гласачите дека сме ги надминале суетите и разликите и дека сме подготвени да формираме победничка сила. Таќа ќе им пружиме гаранција на гласачите дека нивниот глас на изборите нема да биде залудно даден“, рече Касами.
Предводникот на т.н „Огнена група“ Изет Меџити неодамна во интервју за „Република“ рече дека засега не планираат напуштање на ДУИ туку дека ќе ги искористат сите демократски средства за реформи во партијата.
Битката ја водиме внатре и ќе ја водиме внатре.Имаме искористено само дел од демократските инструменти и имаме цела лепеза на демократски инструменти и сум оптимист дека ќе извојуваме победа и нашата победа ќе биде победа на членовите на ДУИ и на Ахмети-рече Меџити за „Република“.
Comments are closed for this post.