Амбасадорки, банкарки, бизнисменки, уреднички, професорки и уметници денеска на Универзитетот за туризам и менаџмент испратија силни пораки дека дамите го менуваат светот.

На петте панели на Меѓународниот форум за женско лидерство, под мотото „Жените пишуваат историја”, учествуваа и Н.Е. Ами Ларсон Џеин, амбасадорка на Кралството Шведска, Н.Е. Невена Јовановиќ, амбасадорка на Република Србија, Н.Е. Патриција ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ во Република Македонија, Н.Е. Невена Јовановиќ, амбасадорка на Република Србија, г-а Илина Мангова, заменик-директор на ИРИ во Македонија, г-а Јулијана Кениг, заменик јавна обвинителка од Република Хрватска, г-а Анита Ангеловска-Бежовска, гувернерка на Народната банка, г-а Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи, г-а Миглена Темлкова, ректорка на Универзитетот за телекомуникации и пошти од Софија, Бугарија и многу други успешни жени од Македонија и од странство.

Проф. д-р Аце Миленковски, ректорот на УТМС, во поздравниот говор до гостите, заблагодарувајќи им се на жените што го разубавуваат светот и истакнувајќи ја нивната специфична позиција во македонската култура и цивилизација, ја посочи официјалната статистика за жените во високото образование денеска: „Од година во година, на високообразовните институции се запишуваат повеќе жени во сите три циклуса студии, а и меѓу тие што го завршиле своето образование повторно доминираат жените