Вицепремиерот Артан Груби смета дека основна причина што опозициската ВМРО-ДПМНЕ и македонските медиуми водат кампања за неговата дискредитација е изградбата на Коридорот осум, кој е најголем проект во земјата во вредност од две милијарди евра. Груби смета дека позади нападите стојат проруски и антиалбански елеметни, коишто 30 години проектот го заклучиле во фиока со цел никогаш да не се реализира затоа што им пречи поврзувањето на Скопје со Приштина и Тирана.

Коридорот почнува од Италија и завршрува на Црно море. Тој е од животно значење за поврзување на Украина со Западот. Да беше изграден коридорот досега, железницата, автопатот и да постоеше енергетско поврзување, кризата во Украина ќе беше многу полесно да се менаџира и трошоците за транспорт на воената техника, храната и другата помош ќе беше многу поефтина, вели Груби во интервју за ТВ Шења и порталот zoom.mk.

Тој тврди дека изграбдата на коридорот повеќе не може да се опструира бидејќи средствата се обезбедени и набрзо ќе завршат преговорите меѓу консултантската куќа и конзорциумот Бехтел и Енка.

Следната недела завршуваат преговорите и ќе се потпише договорот по што веднаш ќе почне изградабата на автопатот, кој ќе биде готов за пет години, тврди Груби.

Според него, и изграбдата на автопатот до граничниот премин Блаце, кој треба да не поврзе со автопат со Косово, е спречен од истите проруските елементи употребувајќи слични техники, како го опструирале со децении Коридорот осум.

Проектот за автопатот со Косово така е проектиран со цел никогаш да не се изгради. Прв пат е проектиран во 1999 година и беше предвидено автопатот да помине преку гробиштата на Блаце. Вториот проект предвидуваше автопатот да помине преку воениот полигон Стенковец. Сега имаме нова траса за што се обезбедени сите дозволи. Првите две километри завршуваат годинава, а наскоро ќе се објави тендер за останатите 10 километри, кој е проектиран и финансиран од Европска банка за развој, објаснува Груби.

Одговарајќи на прашањето за одговорноста на ДУИ како владина партија за нереализација на Коридорот oсум и автопатот кон Косово, Груби се правда дека во тоа време Груевски имал мнозинство во Собранието и дека биле немоќни да ја спречат неговата антиалбанска и антизападна политика, туку работеле земјата да го реши спорот со Грција и Бугарија, што било услов за евроинтеграцијата на земјата.