Се случи бришење на границите на Балканот, се случи Европа без граници. Беше преубаво да се биде дел од маскенбалот во хотелот „Сириус“, и да се види како луѓе под маски од различни земји и нации заедно пеат, играат и се веселат“, истакна градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, за почетокот на Струмичкиот карневал.

 

Хрвати, Срби, Босанци, Црногорци, Грци, Бугари и Македонци, но и гости од Шведска, Германија, Холандија,Италија, Словенија и Турција, вечерва беа едно. Можеби тоа беше најубавиот маскенбал од сите досега одржани, маскенбал каков што само може да се посака.

 

Им честитам на новоизбраните принц и принцеза Атанас Костуранов и Катерина Јовановска и им посакувам незаборавно учество во царската свита, на утрешната интернационална карневалска поворка.

 

Ако вечерва беше убаво, утревечер нека биде уште поубаво, нека биде вистинско СТРУМИЧКО ЧУДО“, вели Костадинов.