Единствено што може да понуди антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е одбрана на криминалот на Груевски, пензииите растат, следува и социјална пензија, реагираа од СДСМ преку соопштение.
Единствен проект што го нуди антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е одбрана на криминалот на осудениот Никола Груевски. Лицемерно е антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ партијата што со години ги манипулираше и потценуваше пензионерите, денес да се обидува да им се додворува. Да не се посветеше ВМРО-ДПМНЕ на крадење на народните пари можеше значително да се зголемат пензиите и Фондот на ПИОМ ќе немаше финансиски проблеми. Но, наместо тоа, со криминалните и расипнички политики, ВМРО-ДПМНЕ го зголеми буџетскиот дефицит во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, создаде огромна финансиска дупка а на пензионерите не им го исплаќаше ниту законското усогласување на пензиите. За разлика од таквиот потценувачки однос кон пезнионерите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ гради партнерски однос со пензионерите и се санираат сите штети што ги создаде претходната власт, се вели во соопштението
Законското усогласување на пензиите со растот на платите и трошоците за живот се исплаќа двапати годишно, а просечната пезнија во септември 2018 изнесувала 14.500 денари што е речиси 1.400 денари повеќе отколку во септември 2016. Пензиите растат и ќе растат и понатаму, а нивната сигурна исплата и во иднина е обезбедена.
Истовремено, со предвидената пензиско – социјална реформа, ќе се стабилизира дефицитот на ПИОМ, законското усогласување на пензиите ќе продолжи да се прави два пати во годината, а се вовоедува и социјална државна пензија за лицата кои немаат доволно стаж за да добиваат пензии.
Тоа е фер и правден однос кон сите постари граѓани кои придонеле во градењето на нашето општество.
Comments are closed for this post.