Истражителите кои работеа на предистрагата против станицата за технички преглед на компанијата „ВИА КОМЕРЦ Џемаљ“, во која бил регистриран автобусот на „Беса транс”, но и по пријавата против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со непотпишување на забраната за работа на „Беса транс“, се тргнати од Истражниот центар на Обвинителството за организиран криминал, дознава „СДК.мк“.
Од Истражниот центар е тргната и вратена назад во МВР и истражителката која успешно работела на случајот со издавањето на македонски пасоши на светски барани криминалци, странски државјани, за кој има пресуда.
На нивно место се ангажирани нови истражители.
Повеќе на СДК.мк
Comments are closed for this post.